191
Во Лондон во тек е една од најкомплексните безбедносни операции во историјата на градот пред погребот на британската кралица Елизабета Втора, на кој ќе присуствуваат бројни светски лидери и членови на кралските семејства.
Британската контраразузнавачка и безбедносна агенција МИ5 и службата за разузнавање и безбедност, Националниот штаб за комуникации работат зад сцената со антитерористичката полиција за да се осигура безбедноста на јавноста и светските лидери, кои треба да пристигнат во Лондон во наредните денови за да присуствува на погребот на кралицата.
Лондонската полиција добила засилување од силите ширум земјата, а во безбедноста се вклучени и припадници на војската и цивилната одбрана.