Советникот во Советот на Град Скопје од СДСМ, Гордан Шутаров, на денешната седница, рече дека ВМРО-ДПМНЕ се скара за милионски провизии.
„Најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ за милионски провизии се скара, за тоа кој да ги земе провизиите. Па вие многу ниско сте паднале. Ова е фарса и перверзија што ја креиравте во Советот на Град Скопје. Граѓаните ќе судат и ќе го казнат ВМРО-ДПМНЕ“ рече Гордан Шутаров, советник од СДСМ.
Шутаров потсети дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа кандидатурата на Данела Арсовска и на сите досегашни седници на Советот на Град Скопје советниците од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ ја фалеа дека е најдобриот градоначалник, а сега одеднаш не им чини.
„16 седници оддржавме на Советот на Град Скопје каде што советниците од ВМРО-ДПМНЕ се потепаа од фалење како Скопје го има најдобриот градоначалник и менаџер. Сега одеднаш не им чини, не чини градоначалничката, немала проекти. Па кои се тие проекти за кои на 16 седници велевте дека се реализирани? Ниту модерно ниту брзо, а најлошо од се, ништо за скопјани.“ рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ.