Русија не е поканета на погребот на Елизабета Втора, тврди ставот на Британија е „неморален“

од Nikola Popovski
253 прегледи

Руските власти денеска го оценија како „богохулен и неморален“ односот на Велика Британија бидејќи Лондон одлучи да не покани руски претставници на погребот на кралицата Елизабета Втора.

„Сметаме дека е длабоко неморален британски обид да се искористи националната трагедија која допре до срцата на милиони луѓе ширум светот за геополитички цели за справување со нашата земја“, рече портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова.

Таа додаде дека тоа е „особено богохулно и неморално за споменот на Елизабета Втора“.

Портпаролката на руската дипломатија изрази жалење што Велика Британија ја користи руската офанзива во Украина како „изговор“ да не ги кани руските претставници на погребот на Елизабета Втора, што ќе се организира во понеделник во Лондон.

Покрај Русија, на погребот на британската кралица не беа поканети функционерите на Белорусија, Мјанмар и Северна Кореја.

„Од сега па натаму сметаме дека британската елита е на страната на нацистите“, додаде Захарова, алудирајќи на воената и финансиската поддршка што Лондон му ја пружи на Киев против руската инвазија на Украина.

Погребот на Елизабета Втора во Вестминстерската опатија следната недела, исто така, ќе биде голем дипломатски настан. Се очекува доаѓањето на повеќе од 100 членови на различни монархии, шефови на држави и други личности.

Отсуството на Русија сведочи за силно затегнатите дипломатски односи меѓу Москва и Лондон во изминатите неколку години, од аферата Скрипал во 2018 година до конфликтот во Украина.

Слични содржини