190
Во Украина е потврден првиот случај на мајмунски сипаници кај хоспитализиран пациент, соопшти тамошното Министерство за здравство.
Пациентот боледува од треска и осип, додаваат од Министерството без други детали.
Епидемиолошката истрага е во тек, а според првите податоци на пациентот му се слошило „во еден од големите градови“ во земјата.
Светската здравствена организација објави дека до 7 септември во светот се регистрирани 54.709 случаи на зараза со мајмунски сипаници и додаде дека 18 лица починале.
Мајмунските сипаници започнуваат со висока температура, а подоцна се појавува осип. Болеста обично поминува сама по две до три недели, но може да доведе до сериозни компликации, вклучително и бактериски инфекции.