Грција и Шпанија го ратификуваа приемот на Шведска и Финска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде им се заблагодари на Грција и на Шпанија што го ратификуваа приемот на Шведска во НАТО, заедно со Финска, кои официјално побараа да станат членки на Северноатлантската алијанса.

„Благодарност до Шпанија и Грција што го ратификуваа нашиот прием во НАТО“, напиша Линде на Твитер.

Приемот на Шведска и Финска се уште не е ратификуван од Словачка, Унгарија, Португалија и Турција, а за влез во НАТО потребна е согласност од сите 30 членки на Алијансата.

Слични содржини