288
На кинеската делегација ѝ беше забрането да влезе во Вестминстерската сала и да ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора, дознава Би-Би-Си.
Претседателката на Долниот дом на британскиот парламент, Линдзи Хојл, го одби барањето на кинеската делегација за пристап до Вестминстерската сала, поради санкциите што Кина ги воведе минатата година врз неколку британски парламентарци поради критикување на политиката на Пекинг кон малцинството Ујгур.
Кинескиот потпретседател Ванг Кишан се очекува да присуствува на погребот на кралицата во понеделник.