Земјите-членки на Шангајската организација за соработка потпишаа заедничка декларација

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Земјите членки на Шангајската организација за соработка денеска ја потпишаа Заедничката декларација од Самарканд, јавува дописникот на агенцијата РИА Новости.

На самитот беа потпишани околу 40 документи, меѓу кои и сеопфатен план за имплементација на договорот за долгорочно добрососедство, пријателство и соработка.

Земјите потврдија дека декларацијата не е насочена против други земји и меѓународни организации и ја истакнаа отвореноста на организацијата за широка соработка со нив, имајќи ги предвид заедничките интереси.

Слични содржини