Претседателите на Киргистан и Таџикистан договорија прекин на конфликтот

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Киргистанскиот претседател Садир Жапаров и неговиот таџикистански колега Емомали Рахмон денеска се договорија за прекин на огнот и повлекување на војниците, по судирот на границата на двете земји во кој загинаа тројца војници, а 27 беа ранети.

Договорот е постигнат на состанокот на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, соопштија од кабинетот на киргистанскиот претседател.

Договорено е да се формира комисија за истражување на конфликтите, како и повлекувањето на армиите на двете земји од границата.

Слични содржини