Вулин за парадата на Европрајд: Не попуштаме пред притисоците на големите сили на Западот

од Nikola Popovski
268 прегледи

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин се огласил откако дел од српските медиуми објавија има притисок на одредени амбасадори околу тоа забранетата парада за време на Неделата на гордоста во Белград, организирана од Европрајд, сепак да се одржи.

– Поради разни лаги, инсинуации и обиди за понижување на Република Србија, нејзиниот правен систем и нејзините институции, сакам да ги информирам граѓаните на Србија дека никој, а најмалку Министерството за внатрешни работи, не попушти пред притисоците на големите сили на Западот. Забраната за одржување на парадата во организација на Европрајд 2022, како што веќе беше најавено, останува на сила, рекол Вулин.

Тоа значи дека одлуката за забраната издадена од МВР на Србија останува во сила.

Слични содржини