Зеленски им порача на Русите: Вратете ги воените заробеници во замена за извоз на амонијак

од Nikola Popovski
285 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе ја поддржи идејата за повторен руски извоз на амонијак преку Украина, под услов Москва да ги врати украинските воени заробеници во Киев.

Во интервју за Ројтерс, Зеленски рече дека предложил договор до Обединетите нации (ОН), кои иницираа континуирана испорака на руски амонијак низ Украина со цел да се ублажи глобалниот недостиг на ѓубрива.

„Јас сум против снабдувањето со амонијак од Русија преку наша територија. Тоа би го направил само во замена за нашите затвореници. Тоа им го понудив на ОН“, рече Зеленски.

Обединетите нации предложија амонијакот, во сопственост на рускиот производител на ѓубрива „Уралхем“, да се испумпува со гасовод до украинската граница, каде што ќе го купи американскиот трговец со стоки Трамо.

Цевководот е дизајниран да пумпа до 2,5 милиони тони амонијак годишно од рускиот регион Волга до украинското црноморско пристаниште Пивдени во близина на Одеса.

Тој беше затворен откако Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари.

Слични содржини