Славчо Попоски прогнозира: „Во очекување на првиот снег на планините“

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и северозапад денес и тоа од западните предели ќе започнат поројни врнежи од дожд. Локално ќе биде и нестабилно со грмежи и СИЛЕН ВЕТЕР. Според последните податоци најмногу врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Локално ќе има услови за појава на ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со услови за појава на град. Нестабилно со врнежи и грмежи, како и со повремено засилен ветер ќе биде и во Скопскиот регион, истакна МЕТЕО прогнозерот Славчо Попоски.

„Од недела, па во текот на следната седмица поради продор на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север температурите ќе опаднат дури за околу па и за повеќе од 10 степени. Во недела ќе дува и засилен северен ветер. Исто така од недела во текот на денот па се до вторник времето ќе биде претежно стабилно. Нова промена барем отсега гледно ќе има во среда кога е можен и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија. Снег овој викенд ќе падне и на највисоките планински места во регионот“, додава Попоски и напоменува дека во случај на појава на НЕВРЕМЕ во следните часови препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

 

Слични содржини