186
Полициски службеници од СВР Куманово – Отсек потраги денеска го лишија од слобода Ј.Л.(34) од Куманово, кој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување затворска казна.
Како што соопштија од МВР, Ј.Л. бил осуден на казна затвор од 18 месеци за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Куманово за доиздржување на казната.