Брнабиќ држи итна прес-конференција: „Имавме само два поголеми инцидента“

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Полека привршуваме една исклучително тешка и предизвикувачка недела, рече српската премиерка Ана Брнабиќ по повод прошетката на Европрајд што се одржува денеска, на итно закажаната конференција.

„Би сакала да изразам благодарност до огромното мнозинство граѓани на Србија бидејќи покажаа толеранција, разбирање и пред се грижа за земјата и разбраа се за што разговаравме во последните две недели. Имавме ден кој помина без поголеми инциденти и горда сум на тоа“, изјави Брнабиќ.

„Денеска беа ангажирани околу 5.200 полицајци. Имавме само два поголеми инцидента. Во двата случаи, припадниците на МВР го решија проблемот и се погрижија инцидентите да не се шират. Во текот на оваа недела се случија повеќе од 130 различни настани и немавме ниту еден поголем инцидент, напад или повреда. Тоа добро зборува за нашите граѓани, за секој што живее овде“, вели премиерката.

Прошетката на Европрајд денеска се одржа во тензична атмосфера. Дојде до конфликт меѓу хулиганите и полицијата, како и хулиганите и поединечни учесници на Прајдот.

Слични содржини