Координаторот на Европрајд, Горан Милетиќ, денеска изрази општо задоволство од начинот на кој се одржа вчерашниот собир и оцени дека полицијата добро си ја завршила работата, но дека треба јасно да се каже и да се утврди кој врши насилство.
Тој за „Танјуг“ изјави дека „некои непримерни сцени за време на прошетката на учесниците се резултат на забраната што се случила“.
Оцени дека е тажно емпатијата да се ограничува само на повреда на полицаец и посочи дека секој повреден човек го заслужува тоа.
Милетиќ рече дека цела група Албанци од Тирана била нападната по концертот кога оделе кон хотелот и дека тоа нема никаква врска со прошетката.
Милетиќ оцени дека полицијата и покрај проблемите кои постоеле одлично си ја завршила работата. Тој оцени и дека вчера се покажало дека насилството не го вршат учесниците на прошетката на гордоста, туку некои други лица. Тој рече дека треба јасно да се каже и да се утврди кој врши насилство.
Тој смета дека Европрајд ѝ донела многу добро на ЛГБТ популацијата во Србија. Тој рече дека колоната и прошетката вчера поминале само со еден инцидент на кој полицијата реагирала.
„Насилството во општеството за мене е целосно несфатливо. Тоа е производ на пумпањето во медиумите во изминатите недели“, рече тој.
Оцени дека 70-80 луѓе со качулки не се веродостојна закана, како и дека проблемот е што полицијата однапред не знаела дали тоа ќе биде целата закана.
Милетиќ рече и дека за вчерашното блокирање на црквите е виновно создавањето атмосфера на насилство пред прошетката, а никој од учесниците не сакал да оди во црква.