Путин: Русија е подготвена да помогне во стабилизирањето на односите меѓу Таџикистан и Киргистан

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Русија е подготвена да учествува во стабилизирање на ситуацијата на границата меѓу Таџикистан и Киргистан, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Путин ја потврди подготвеноста на Русија да ја обезбеди потребната помош со цел обезбедување на безбедноста на границата меѓу Киргистан и Таџикистан“, се вели во соопштението на Кремљ, пренесе ТАСС.

„Путин апелираше до двете страни да спречат понатамошна ескалација на ситуацијата и да преземат мерки за решавање на проблемите на мирен, политички и дипломатски начин што е можно поскоро“, истакнуваат од Кремљ.

Слични содржини