Во Тетово приведено лице по кое била распишана потерница

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

На улица „Штипска” во Тетово денеска околу 10 часот и 20 минути, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец К.К..

Тетовецот, информираа од МВР, се барал по распишана потерница од КПУ „Идризово”-Скопје за доиздржување на затворска казна од година и пол, за сторено кривично дело „кражба”, казниво по член 235 од Кривичниот законик.

К.К. е спроведен за доиздржување на затворската казна.

Слични содржини