Поранешниот германски кошаркарски репрезентативец Дирк Новицки изјави дека Франција е фаворит против Шпанија во вечерашното финале на Европското првенство во Берлин, пренесува „Баскет њуз“.
„Двата тима се заслужено во финалето и тоа двата тима навистина немаат ниту една суперѕвезда. Тоа се одлични тимови, кои имаат добри клупи. Финалните натпревари можат да бидат изненадувачки, како што беше и целиот овој турнир. Големите ѕвезди беа елиминирани рано од ЕП. Ако треба да бирам, тогаш би ја избрал Франција. И двете репрезентации имаат добри бекови, добри шутери, имаат добри кошаркари кои можат да доминираат на овој натпревар“, рече Новицки.
„Франција мора да игра како во полуфиналето – мора да бидат добри во одбраната. Мислам дека Руди Гобер е фантастичен во одбраната. Во нападот, тие имаат многу опции – Томас Ертел игра добро кога доаѓа од клупата. Еван Фурние е добар шутер и плејмејкер“, истакна поранешниот германски кошаркар.