276
Украинската државна компанија за атомска енергија „Енергоатом“ денеска соопшти дека руската армија ја нападнала нуклеарната централа Јужно-украинска во јужниот регион Николаев.
„Енергоатом“ наведува дека реакторите не се оштетени и работат нормално, пренесе „Ројтерс“.
Експлозијата се случила на околу 300 метри од реакторот, но, како што се додава, оштетени се околните згради на електраната.