Delage D12 Speedster

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Delage ја понуди и верзијата Speedster на својот хибриден суперавтомобил D12, по цена до 190.000 евра.

Speedster добива помала шофершајбна на предниот дел на автомобилот, а заштитниот ореол и кацигата се опционално достапни.

Хибридниот погон со V12 мотор има 1100 КС во верзијата GT или 1010 КС во послабата Club варијанта (спарена со 8-степен менувач).

D12 Club тежи 1.310 килограми во споредба со малку потешката GT верзија од 1.400 kg.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 2,4 секунди.

Компанијата планира да произведе само 30 примероци, од кои девет се наменети за САД.

Во кратката изјава, Delage не кажа кога ќе започнат испораките на овој модел.