Колач со цимет и џем

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Колач кој е погоден и за оние кои постат.

Состојки:

– 300 мл топла вода

– 300 гр шеќер

– 5 лажици џем од кајсии

– 1 кесичка сода бикарбона

– 1 кесичка цимет

– 5 лажици масло

– 400 гр брашно

– 100 гр чоколадо за готвење

– мелени ореви за посипување

Подготовка:

Сите состојки се мешаат со лажица додека не се добие еднолична смеса, па се истураат во длабок плех обложен со хартија за печење.

Се пече во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути.

Кога колачот ќе се испече и излади, сечете го на коцки додека е уште во плехот.

Премачкајте го колачот со џем и посипете го со јаткасти плодови или прелијте го со растопено чоколадо.

Слични содржини