Вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на славејот од Галичник – Александар Сариевски, одржа ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
Меѓу присутните била и министерката за одбрана Славјанка Петровска, која на својот фејсбук објави фотографии од атмосферата од концертот.
Петровска воодушевена од концертот на „Танец“, а особено од перформансот на Сузана Спасовска, ѝ испратила букет со посвета.
Пејачката изненадена од гестот, објави фотографии од букетот со посветата и ѝ се заблагодари на Петровска.