Приведено лице по централна потерница за издржување на затворска казна од 18 месеци

од Берта Китинска
145 прегледи

Денеска (19.09.2022) во 11.55 часот во нас.Лисиче, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Љ.(30) од Скопје.

За него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје со која се барал за издржување затворска казна од година и пол за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини