Познат фудбалер објави книга, откриени детали од неговиот бурен живот

од Nikola Popovski
180 прегледи

Данецот Никлас Бендтнер беше еден од најталентираните фудбалери во Европа пред околу 15 години Поради тоа од Данска се пресели во Арсенал и во 2007 година играше за првиот тим.

На популарниот „Лорд“ му предвидуваа одлична кариера, но тој тргна по друг пат. Фудбалот му беше втор, а на прво место му беа лесниот живот и излегувањето.

34-годишникот ја објави книгата „Двете страни“ во која открива многу детали од неговиот бурен живот.

Конкретно опиша детали поврзани со девојки кои често се во близина на фудбалери.

-Верувајте ми, видов многу, особено кога бев во Англија. Таму играчите сакаат да се фалат со овие работи и да зборуваат со кои девојки биле. Сепак, повеќето од нив не сакаат интимни односи со обичните девојки кои им доаѓаат во ноќните клубови, открил и додал Бендтнер:

– Секој ја избира побезбедната опција бидејќи не сака да ризикува. Тие обични девојки обично бараат некаква корист и подоцна не е ни чудо кога ќе почнат да бараат пари и да те уценуваат. Затоа повеќето фудбалери знаат кому да му се јават за да добијат ескорт девојка.

-Таа девојка ти доаѓа, имаш врска, плати ѝ што должиш и секој си оди по својот пат. Никој не сака да ризикува со „спонзоруши“ кои имаат планови да влезат во вашиот живот и да ви го направат животот пекол. Ескорт девојките се сигурна опција, молчат со кого биле и сите биле среќни и задоволни, додаде Данецот.

Популарниот Лорд минатата година ја заврши кариерата.