СЗО: Пандемијата наскоро ќе заврши доколку не се појави нова ковид-варијанта

од Nikola Popovski
205 прегледи

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека доколку не се појави нова варијанта на коронавирусот, пандемијата наскоро би можела да заврши, пренесоа медиумските агенции.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно овој месец изјави дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на Ковид-19.

Зборувајќи за телевизијата RUV, Клуге рече дека се согласува со изјавите на Гебрејесус.

-Доколку не се појави нова варијанта, епидемијата би можела наскоро да заврши. На ова треба да се надеваме – изјави Клуге.

Тој смета дека постојаното следење е важно и за брзо идентификување на новите варијанти.

Тој апелира до сите да добијат нова доза од вакцината против Ковид-19 пред зимата.

– Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на епидемијата. Го гледаме крајот, но не сме таму се уште – изјави претходно Гебрејесус.

Бранејќи го ставот дека целта е постигната во борбата против Ковид-19, Гебрејесус рече: „Најлошото нешто што можеме да го направиме во оваа ситуација е да застанеме“.

Слични содржини