Ексхумирани 146 тела од масовната гробница во Изјум, Украинците тврдат има траги од тортура

од Nikola Popovski
161 прегледи

УКРАИНСКИ форензичари досега ископале 146 тела, главно цивили, од масовна гробница во близина на градот Изјум во источна Украина, а некои тела имаат знаци на насилна смрт, изјави денеска регионалниот гувернер.

Претседателот Володимир Зеленскиј рече дека верува оти околу 450 тела биле закопани во шумата во предградието Изум, која неодамна беше вратена од украинските сили за време на контраофанзивата во регионот Харков.

„Има тела со траги од тортура“

Олех Синехубов, гувернер на регионот Харков, изјави дека меѓу ексхумираните тела има и тела на две деца.

„Некои од загинатите имаат знаци на насилна смрт. Има тела со врзани раце и траги од тортура. Кај мртвите се пронајдени и експлозивни рани, шрапнели и убодни рани“, напиша Синехубов на Телеграм.

Форензичарите со денови работеа на ексхумација и идентификација на телата, чии импровизирани гробници беа обележани со дрвени крстови. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделникот ги отфрли обвинувањата на Украина како „лажни“. Жителите претходно изјавија дека луѓето кои загинале во руски воздушен напад биле закопани во некои гробови во шумата.

Слични содржини