Стојаноска: Реконструкцијата на Владата не може да помогне, спасот е во предвремени избори

од Берта Китинска
141 прегледи

За пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и член на партискиот Извршен комитет Дафина Стојаноска, како што изјави таа, нема да претставува изненадување ако дојде до евентуалната реконструкција на Владата, ниту е чудно што министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави оставка.

-На овој потег предупредувавме, а се тоа, за жал, е на товар на граѓаните кои во ова време апсолутно не се заинтересирани дали и кој од лепената коалиција би бил нов или старо-нов министер. Граѓаните на секоја средба се жалат и се во паника како ќе ја преживеат оваа зима. Владата потврди дека зимата ќе биде најтешка, но не гледам дека со каква било реконструкција, минимална или не знам каква, можат да најдат спас од кризата во која не воведоа. Единствен спас за нас е да се откажат и сами да предложат да се оди на предвремени парламентарни избори, рече Стојаноска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во врска со седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Слични содржини