Спасов: Однесувањето и ставовите на Ангел Димитров го загрозуваaт и тоа што е постигнато

од Берта Китинска
243 прегледи

Професорот Ѓорѓи Спасов преку својот Фејсбук профил прашува дали некој од нашата земја ќе побара од Бугарија семан на Ангел Димитров од историската комисија во интерес на добрососедските односи, кој денеска кажа дека „прашањето со РСМ е важно, но повторно ништо не се случи“.

-Има ли некој во Македонија што ќе побара Бугарија да го смени Ангел Димитров од историската комисија во интерес на добрососедските односи?Има ли некој што ќе и предочи на бугарската страна дека тој систематски шири лаги и користи говор на омраза кон членовите на македонскиот дел од комисијата и кон Македонија и Македонците?Има ли некој да им јави дека тој човек не заслужува елементарно почитување а не пак да се разговара со него за историски прашања?

Има ли медиуми што ќе престанат да ги објавуваат неговите навреди и обвинувања кон Македонија и кои ќе остават глупостите и омразата да си ги користи само за домашна употреба и за јавност која сака да биде отруена од неговиот говор на омраза и шовинизам?Ако нема, тогаш не ни се пишува добро. Еднаш мора да им се каже вистината в лице, колку и таа да не им се допаѓа.Со таков расипан преговарач нема никогаш да се постигне било каков договор.А можеби и не сакаат.Ако не го сменат, тоа им е целта. И тоа треба да го знаеме.Но како и да е. Можеби би било паметно да престане работата на комисиите до завршувањето на скринигот и до очекуваната промената на Уставот. Со однесување и со ставовите на Ангел Димитров се загрозува и тоа што е постигнато и што се очекува како услов за напредок, пишува Спасов.

Ијзавите на Димитров доаѓаат по минатонеделниот 20. по ред состанок на екпертската комисија за историски прашања, што се одржа во Скопје.

-Ова е важен сигнал за севкупните ставови, но пред се за атмосферата во која работи нашата Заедничка историска комисија на својот 20. последователен состанок. Нема подготвеност за каква било промена, вели копретседавач на Комисијата од бугарска страна.

Тој споделува впечатоци за атмосферата во која заседавала комисјата минатата недела. Според него, телевизиите главно се занимавале со предлогот, односно како што вели Димитров, попрво барањето на ДПМНЕ за распишување на референдум на кој целосно ќе се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија.

Оваа атмосфера беше позадината на која се одвиваа нашите разговори. Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите, бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција“,нагласува Димитров, додавајќи дека „ова јасно сугерира што се случува во PCM“.

Слични содржини