Јакимовски: Србија ни е вистински пријател, Бугарија сака да нѐ начека во тесно

од Nikola Popovski
183 прегледи

Замислете која иронија – Ангел Димитров вели дека ние сме живееле во минатото, а тој во иднината, а претседател е на Историската комисија и доаѓа да не малтретира за историските бубачки што ги има Бугарија кон Македонија. Тоа е смешно, вели градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски за копретседавачот на Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров, кој денеска побара итни промени во македонските учебници по историја.

Тој додава дека „не треба да си гаиме илузии во односите со Бугарија“.

-Се гледа кој ни е пријател – Србија. Кога и да сме побарале помош, ни понудиле. Бугарија секогаш гледала да не начека во тесно и да ни ја соголи кожата и се покажа во моментов кога имаме проблем со електричната енергија. Требаше порано да ги решаваме проблеми, крајно неодговорно се однесуваме, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини