Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска укажа дека синдикатите нема да потпишат ништо во што нема да учествуваат.
-Како тоа они работеле? Па ние зошто сме социјални партнери? Нашите потреби треба да ги слушне министерката (Јованка Тренчевска). Ние не идеме кај Бесими пред врата, кај министерката си идеме. Не може да исчезне социјалниот дијалог и пет пратеници да ни менуваат закони и да се укинуваат работнички права. Не оди во обзир тоа. За 100 дена можевте да бидете најуспешна Влада. Да потпишеме минимална плата, каде првпат ги кренав рацете и првпат работникот излезе победник. Место да ги усогласевме платите според Законот за минимална плата и да добијат сите, мене ми е многу криво што на 1-ви мај бевме изиграни и излажани, рече Димовски во емисијата „Топ тема“.
Димовски ја праша министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска „зошто се зголемени платите во култура, ако не важи членот 8 од Законот за минимална плата“.