Андонов најавува иницијатива за смена на Мицкоски од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
294 прегледи

Проф. д-р Оливер Андонов кој е поранешен министер за внатрешни работи, најавува иницијатива за промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и смена на актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој за утрешниот ден најави прес-конференција пред седиштето на партијата во центарот на Скопје.

-Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, стои во соопштението.

Слични содржини