Лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски и официјално ја поднесе оставката до Влада.
Од Владата велат дека премиерот ќе ја разгледа оставката.
– Оставката е доставена до премиерот Ковачевски кој пак како мандатар треба да ја разгледа и истата да ја достави до Собранието за да можат и пратениците да дискутираат. А иста е и постапката откако ќе биде донесена одлука и за министерот кој би го заменил Милевски .
Во врска со информациите дека за нови министер за локална самоуправа во најтесна конкуренција се двајца кандидати, меѓу кои е и поранешниот партиски лидер и скопски градоначалник Пенов, пратеничката од редовите на ЛДП, Моника Зајкова во изјава за „Локално“ посочи дека сите поранешни претседатели помагаат со свои предлози и мислења и се дел од партијата.
-Во моментов не би шпекулира ничие име, сепак партијата има постапка која ја спроведува при изборот на функционери. Факт е дека Ристо Пенов никогаш не заминал од партијата и како и сите поранешни претседатели на ЛДП учествувал во давањето мислења, предлози и совети, појаснува таа.