Состојки:
– 500 гр свежи домати
– 1 модар патлиџан
– 2 пиперки
– 4 чешниња лук
– 1/2 главица црвен кромид
– 2-3 свежи ловорови листови
– 80 гр пармезан
– 10 листови свеж босилек
– 4-5 лажици маслиново масло
– 250 гр тестенини
– сол, шеќер
Подготовка:
Модриот патлиџан и пиперки исечкајте ги на коцки. Загрејте ја тавата со две лажици маслиново масло, а потоа ставете две чешниња лук исечени на листови.
Малку се пропржува, па се додаваат модриот патлиџан и бибер и се зголемува температурата на кратко за убаво да се испржи. Посолете и исклучете го шпоретот.
Во широка тава ставете неколку лажици маслиново масло, половина главица сечкан црвен кромид, две чешниња лук и два ловорови листови.
Пржете на умерена температура, а потоа додадете пасирани свежи домати (отстранете ја кората и семките што е можно повеќе) и оставете го сосот да се вари околу дваесет минути. Додадете сол и малку шеќер.
Сварете ги тестенините по ваш избор и процедете ги и ставете ги во сосот од домати.
Промешајте на шпоретот и оставете тестенините неколку моменти да впијат дел од сосот.
Потоа додадете ги пржените модри патлиџани и пиперките, па тргнете од шпорет и посипете со рендан пармезан и свеж босилек. Добро измешајте ги сите состојки.
Додадете уште неколку капки маслиново масло во секоја чинија со сервирани тестенини.