Украина за мобилизацијата во Русија: „Војната не оди според планот на Москва“

од Stefanija Kuzmanovska
120 прегледи

Советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, денеска оцени дека најавената делумна мобилизација во Русија е „предвидлив чекор“ кој ќе се покаже како крајно непопуларен.

Подољак смета дека војната во Украина не оди според планот на Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал указ за делумна мобилизација, кој стапува на сила веднаш.

Слични содржини