Меган едвај се гледаше: Објаснето зошто Хари и неговата сопруга седеа во вториот ред

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

За време на мисата во Вестминстерската опатија, принцот Хари и Меган Маркл седеа во вториот ред, веднаш зад кралот Чарлс Трети и Камила и покрај принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг.

Бидејќи принцот Вилијам, братот на Хари, седеше во првиот ред, а до него беа принцот Џорџ, принцезата Шарлот, Кејт Мидлтон, принцезата Ана и нејзиниот сопруг Тим Лоренс и децата на принцезата Ана, Питер Филипс и Зара Тиндал, започна расправа зошто Хари и Меган се ставени во вториот ред, а не во првиот.

Како што пишуваат британските медиуми, од палатата објасниле дека Меган и Хари седеле во вториот ред бидејќи внуците на кралицата биле „слични по возраст“ и се внимавало да не се раздвојуваат семејствата.

Меган едвај се гледаше

Многумина, сепак, веруваат дека Маркл намерно била ставена во таа позиција. Местото на Меган беше зад местото на Камила, но поради позициите на камерите, Маркл најчесто не се гледаше бидејќи Тим Лоренс, сопругот на принцезата Ана, ѝ го блокираше погледот. Исто така, напред имаше и голема црковна свеќа, која дополнително го попречуваше погледот.

Слично на тоа, многумина заклучија дека објаснувањето дека аранжманот е договорен според приближната возраст нема смисла бидејќи принцезата Јуџин (32) седела зад принцот Вилијам со нејзиниот сопруг Џек и мајката Сара Фергусон, додека леди Луиз Виндзор (18) седела неколку седишта во пред неа исто така во вториот ред.

Слични содржини