Членките на ЕУ размислуваат за заеднички акции како одговор на најновите случувања поврзани со војната во Украина и ја предупредуваат Москва дека ќе ги трпи последиците од нејзините постапки, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската комисија, Петер Стано.
Тој на прес-конференцијата рече дека Европската комисија го обвинила рускиот претседател Владимир Путин за „многу опасен нуклеарен ризик“ и оцени дека меѓународната заедница мора да изврши притисок врз него да престане со непромислените активности.
Портпаролот на Европската комисија изјави дека членките на ЕУ веќе одржале координативен состанок за преземање мерки во врска со ситуацијата во Украина.