Првиот вицепремиер на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби му посака добредојде за новоименуваниот британски амбасадор, Метју Лосон, му честита за новиот мандат и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета II.
-Ми ја пренесе големата поддршка од Обединетото Кралство за политиките на развој на нашата држава.
Го потврдивме пријателство помеѓу двете земји, унапредување на соработката во областа на економијата, одбраната како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата како и поддршка во натамошните реформски процеси на земјава.
Ќе продолжиме со цврстото партнерство и пријателство изградени низ изминатите три децении преку политичките, економските, културните и образовните врски на нашите општества и граѓани, истакнал Груби за заклучоците од средбата.