Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска оценува дека со нивните аргументи од ВМРО-ДПМНЕ кога ја нарекуваат СДСМ „антимакедонска СДС“, прават поделба кај граѓаните, исто како со стратегијата за дезертерство за случајот со премиерот Димитар Ковачевски.
-Живееме во брзо време, порталите се во игра и вестите се брзи. Должни сме и ние како партија на власт да кажеме дека од другата страна се манипулира со факти и дека тоа што го прават ја прави нивната безидејност. Робувате на реториката дијагноза. Тоа е рефлекс на контролорите. Вие го злоупотребувате терминот. Имате јасно зацртана цел. Кажувате дека се пофаливте со полковникот Ковачки, кој си го стави во мирување статусот. Дали е тој дезертер? За армија која е дел од НАТО, дали за еден полковник не е предизвик да остане таму и да биде со неговите војници? Им заврте грб на војниците и влезе во Собрание за да му служи на Мицкоски, за да пали со запалка и со неразјаснета улога за настаните од 27. април. Каде е моралот на вашиот господин Ковачки, зад кој се крие Мицкоски да не одговори за случувањата во Град Скопје?, го праша Кузеска својот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во емисијата „Топ тема“.