593
Поранешниот кинески министер за правда Фу Женгхуа е осуден на смртна казна со двегодишно одлагање под обвинение за примање мито и помагање на криминалци, вклучувајќи го и неговиот брат, објави денеска кинеската државна телевизија.
Казната на Фу е уште една во низата казни за корупција изречени на високи кинески функционери во долготрајната акција што започна откако претседателот Си Џинпинг ја презеде власта кон крајот на 2012 година.
Смртните казни со одлагање во Кина обично се заменуваат со долги затворски казни доколку жалбената комисија утврди дека осудениот се поправил.