123
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација е поврзана со фактот дека Русија сега де факто му се спротивставува на НАТО блокот со сите нејзини логистички капацитети.
„Претседателот во вчерашното обраќање даде јасен опис и ги објасни причините за ваквата одлука. Факт е дека започна специјална операција за исполнување на целите во Украина. Сега, де факто, се соочуваме со НАТО блокот со сите негови логистички можности, поради што тоа доведе до таква потреба“, рече Песков на прес-конференција, пренесува „Известија“.
Како што изјави портпаролот на Кремљ, статусот на руската специјална воена операција остана непроменет по објавувањето на делумната мобилизација.