Европската унија треба да заземе заеднички став за барањата за влез на нејзина територија на граѓаните на Русија кои бегаат од својата земја поради војната во Украина, соопшти денеска Европската комисија.
Според извештаите, земјите-членки на ЕУ ќе мора да ги оценуваат барањата „од случај до случај“, земајќи ги предвид основните права и правните процедури за азил, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на ЕК, Петер Стано, изјави дека многу Руси се обидуваат да ја напуштат земјата откако рускиот претседател Владимир Путин вчера најави делумна мобилизација.