Маричиќ: Наскоро ќе го потпишеме Договорот со Фронтекс на македонски јазик

од Nikola Popovski
157 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ информира дека денеска се одржува скрининг состанокот за поглавјето кое е „срцето на преговорите“, Поглавје 24- Правда, слобода и безбедност, на кој колегите од Европската комисија ќе ги презентираат неодамнешните случувања и новини во оваа област.

-Задоволен сум што преговорите за Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) се завршени и што наскоро ќе го потпишеме овој важен договор, на македонски јазик, а во присуство на комесарката за внатрешни работи, Јохансон. Овој договор е чекор кон подобро управување со границите и управување со нерегуларната миграција, што е заеднички интерес и на Северна Македонија и на Европската Унија, како што беше докажано во минатите времиња (особено за време на мигрантската криза во 2015 година), подвлече Маричиќ.

Според него, областа на правда, слобода и безбедност е област од особено значење со оглед на растечката рамка на заеднички правила за прашања како што се граничната контрола, визи, надворешна миграција, азил, полициска соработка, борба против организираниот криминал, борба против тероризмот, соработка во полето на дрогата, царинската соработка и судската соработка во кривичното и граѓанското право – важни прашања кои даваат одговори на предизвиците со кои се соочуваме денес.

Слични содржини