318
Тепачка меѓу повеќе лица се случила вечерва во автобус на ЈСП Скопје во населбата Кисела Вода. Според информациите, во моментов таму присутна е интервентната полиција и ги утврдува причините до кои дошол физичкиот инцидент, како и разговара со инволвираните.
Според објавените видеа на социјалните мрежи, автобусот со број 51 стои во место кај споменикот Тодор Александров, а околу него се собрани повеќе млади лица.
Повеќе информации од полицијата се најавени за утрешниот ден.