Апасиев: Во референдумското прашање oдиме на варијанта во која наративот ќе биде „против“, а не „за“

од Берта Китинска

Иницијативата за референдумско прашање кое партијата Левица ќе ја достави до македонскиот парламент е „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци“.

„Одиме на варијанта во која наративот ќе биде „против“, а не „за“, односно наратив на продолжување на духот на антивладините протести против бугаризацијата кои беа најмасовни откако е СДС на власт“,рече лидерот Димитар Апасиев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал5.

Ќе бараат, како што рече, задолжителен референдум, а бидејќи по нашиот Закон за референдум изјаснувањето е „за“ и „против“, очекува граѓаните на прашањето да гласаат против.

„Поентата е дека сега се оди согласно член 24 од Законот за референдум, дека на државно ниво референдум може да се распише за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието. Имено тие „други прашања за кои одлучувало Собранието“ се овие Заклучоци кои ние ги ставаме на референдум“,

појасни Апасиев.

Слични содржини