Таравари: Ние се дистанциравме од политиките на ВМРО, имавме соработка во градот Скопје, каде што погрешивме

од Берта Китинска
171 прегледи

Запрашан за односите со ВМРО-ДПМНЕ, в.д. претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во емисијата „Патот Кон“ рече дека Алијанцата со текот на времето се дистанцирал од ВМРО иако згрешиле што коалицирале со ова партија.

„Ние се дистанциравме од политиките на ВМРО, бидејќи имавме соработка во градот Скопје, каде што погрешивме, но имавме политички договор за локалните избори. И за референдумот не го поддржуваме она што ВМРО сака да го организира, бидејќи тоа нé оддалечува од евроинтеграцискиот пат“, рече Таравари.

Таравари додаде дека Алијансата како партија не е против идентитетот на Македонците, но со овој говор на ВМРО, според Таравари, Македонија нема да го напушти само евроинтегративниот пат, но и македонскиот идентитет.

Слични содржини