Министерството за одбрана на Ерменија денеска ги обвини азербејџанските вооружени сили дека отвориле оган врз ерменските позиции, со што го прекршиле договорот за прекин на огнот, пренесува ТАСС.
„Околу 07:40 часот по локално време, азербејџанските сили повторно го прекршија примирјето со отворање оган од лесно оружје од различен калибар врз ерменските борбени позиции во источниот сектор на границата меѓу Ерменија и Азербејџан. Непријателот беше потиснат со возвратен оган“, соопшти министерството за одбрана на Ерменија.
Ерменија соопшти дека нема жртви меѓу нејзините војници.