157
Киев итно бара испорака на модерни тенкови, кои би им помогнале на украинските сили побрзо да напредуваат на североистокот на земјата и да повратат повеќе територија, но Западот одолговлекува, пренесува „Политико“ повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.
Тенковите се на врвот на листата на желби на Киев, бидејќи Украина напредува во источниот регион Донбас во услови на шокантен колапс на Русија овој месец, додава „Политико“.
Барањето доби нова итност оваа недела откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе мобилизира дополнителни 300.000 војници за да се борат во Украина, што ќе доведе до нова ескалација на конфликтот.