Костадиновска-Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ сака СДСМ да биде пред колабрирање, но за жал не е така

од Nikola Popovski
161 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ сака СДСМ да биде пред колабрирање, но за жал тоа не е така. СДСМ е секогаш на власт кога треба да се решаваат најгорчливите прашања на оваа држава, без разлика дали тие прашања и одговори му се допаѓаат на некој или не, смета министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа потенцира дека од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ниту еден државнички потег или политика.

-Еве последно да кажаеме е зошто не останаа во Собранието кога се гласаше за францускиот предлог? Три дена бевме навредувани и омаловажувани. За жал, тоа е една слика од ВМРО-ДПМНЕ која ја остава во законодавниот дом, дека се сѐ, само опозиција не, рече Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Трилинг“.

 

Слични содржини