Универзитетскиот професор Методи Хаџи-Јанев смета дека референдумот во украинските области со руско население е веќе политички инженеринг кој што треба да биде составен дел за остварување на стратешката цел, а тоа е демилитаризација или покорување, но и спротивставување на рускиот претседател Владимир Путин кон Западот.
-Овие референдуми како што Москва ги води даваат за право да имаме дилема или опција, која може да биде страшна по целиот свет. Меѓународно правно – референдумите се илегални бидејќи станува збор за окупациски сили кој што изведуваат операции на туѓа територија. Независно од тоа која е семантиката во самиот техникалија на референдумот, крајната цел е припојување кон Русија. Во целата реторика, се добива слика целата приказна. Целата реторика на Путин е дека е во специјална операција, а не војна, со цел да ги избегне овие правни стапици, за да може сега, се она што Западот ќе го прави и помага, ќе се смета за напад на Русија. И после тоа Путин ќе може да се повикува на членот 51 од Повелбата на ОН на право на самоодбрана и тоа е таа опасна страна и игра, вели професорот во емисијата „Топ тема“.
Според него, сето ова е сихронизирано за остварување на стратешката цел.
-Да мобилизирате 300.000 луѓе, тоа значи многу време, бара големи ресурси. Очигледно Путин е очаен, затоа што не успеа со првичните сили да го оствари посакуваното. Тој е доведен до пропаст. Опасната игра е дека сето ова е добро планирано. Ако тој успее да ги мобилизира тие 300.000, во тој случај ќе биде пред Западот, затоа што ќе мора и тие да мобилизираат, ако тој тргне да прави поинакви чекори, додава Хаџи Јанев.