Трамп: Америка сега е „енергетски просјак“

од Берта Китинска
133 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека САД сега се „енергетски просјак“.

Тој исто така истакна дека „војната во Украина никогаш не требаше да се случи“.

Трамп истакна дека пред две години, кога тој сè уште беше претседател, бензинот чинеше 1,87 долари за галон (1 галон = 3,8 литри) и дека цената паѓа дури до 1,50 долари.

Сега, додаде, се користат стратешките резерви од кои се земени околу 75 милиони барели нафта, објави Телетрејдер.

– Под мое водство Америка имаше енергетска независност и наскоро ќе бевме доминантни. Но, сегашната администрација не успеа да се справи со рускиот претседател Владимир Путин и ја создаде сегашната ситуација – заклучи Трамп.

Слични содржини