Ахмети за фркацијата: ДУИ излегува уште посилна после секое внатрешно недоразбирање

од Берта Китинска
159 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска пред медиумите зборуваше за фркацијата во ДУИ.

Тој рече дека во ДУИ 20 години е инвестирана национална програма и дека може да функционира и без Али Ахмети, но и без Муса Џафери, Изет Меџити, Блерим Беџети и другите членови на партијата. Тој вели дека е навикнат на вакви незадоволства во партијата веќе 20 години.

Според него, ДУИ излегува уште посилна после секое внатрешно недоразбирање.

Партиски членови меѓу кои се потпишани двајцата пратеници Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, како и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, и градоначалниците на Чаир и на Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети, се дел од потпишаните сопартици кои се назадоволни од работењето на Артим Груби.

“Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организациониот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (доказ се последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото

Потписниците бараат политичка дебата внатре во партијата за надминување на оваа состојба и одговорност и отчетност од носителите на извршната власт.

Првиот вицепремиер Груби засега не ги коментира ваквите обивнувања, реакција нема ниту од партијата.

Слични содржини